Водолија Хороскоп
Целосен Водолија Хороскоп
Елемент: Воздух
Боја: Светло-сина, Сребрена
Квалитет: Фиксен
Ден: Сабота
Владетел: Уран, Сатурн
Најголема компатибилност: Лав, Стрелец
Среќни броеви: 4, 7, 11, 22, 29
Дати: 20 Јануари – 18 Февруари

Карактеристики на личноста на Водолија
Јаки страни: Прогресивни, оригинални, независни, хумани
Слабости: Бегаат од емоционално изразување, темпераментни, бескомпромисни
Водолијата сака: Забава со пријателите, ризични бизниси, борба за идеали, интелектуални разговори.
Водолијата не сака: Ограничувања, неисполнети ветувања, осаменост, досадни или здодевни ситуации.
Водолијата е еден од најуникатните знаци на зодијакот, а луѓето родени во овој знак имаат чувство дека се посебни. Ова ги прави ексцентрични, енергични во борбата за слобода, или понекогаш срамежливи и тивки, плашејќи се да ја изразат својата вистинска личност. Во двата случаи, тие се длабоки мислители и високо интелектуални луѓе кои сакаат да се борат за идеалистички цели. Тие можат да ги гледаат луѓето без предрасуди, што ги прави навистина посебни. Иако лесно можат да се прилагодат на енергијата што ги опкружува, претставниците на Водолија имаат длабока потреба од време за себе, за да ја вратат својата внатрешна моќ.
Знакот Водолија припаѓа на елементот Воздух. Тие најчесто се потпираат на својот ум и на изговорените зборови. Без ментална стимулација, може да изгубат интерес дури и за работи кои првично ги возбудувале. Тие го гледаат светот како место полно со можности и имаат потреба да бидат спонтани, да го следат моментот и да го живеат животот во потполност, никогаш да не губат драгоцено време.
Уран е владетел на Водолијата, а покрај него е неговиот традиционален владетел Сатурн. Иако Уран има ненадејна, срамежлива, а понекогаш и агресивна природа, присуството на Сатурн ги приземјува доволно за да им помогне да ја најдат потребната дистанца од другите луѓе за да останат рамнодушни. Водолиите се визионери и секогаш се подготвени за промени, познати по своите интелектуални способности и по раздвижувањето на светот откако ќе влезат во него. Тие најдобро се чувствуваат како дел од одредена заедница, но може да имаат проблем да го најдат местото каде што чувствуваат дека вистински припаѓаат.
Љубов, секс и компатибилност
Интелектуалната стимулација е најголемиот афродизијак за Водолиите. Нема ништо што може да ги привлече Водолиите повеќе од интересен разговор. Отвореноста, комуникацијата, имагинацијата и подготвеноста за ризик се квалитети кои одлично се вклопуваат во емотивниот свет на овој хороскопски знак. Нивната компатибилност со другите знаци може да биде сложена, бидејќи тие имаат проблем да се поврзат со другите ако сметаат дека нивното чувство за слобода е на кој било начин загрозено.
Интегритетот и чесноста се од суштинско значење за секој кој сака да остане во животот на Водолијата. Кога некој ќе ги предаде или разочара тие не ги земаат во предвид нивните чувства. Водолиите им даваат независност на партнерите, гледајќи ги како еднакви и исто толку моќни колку што се и тие. Дури и кога да ја имаат сета слобода што ја посакуваат, секојдневната интеракција може да им биде проблем, дури и со оние во кои се длабоко заљубени.
Како знак на слободата и осаменоста, водолијата може да биде премногу тешка за да се биде со некои статични и пасивни знаци на зодијакот.
Пријатели и семејство
Пријатели – И покрај нивната способност да комуницираат, на претставниците на Водолијата им треба време да изградат блискост со пријателот, а тие несвесно можат да направат многу за да избегнат да бидат емотивни и ранливи околу другите. Тие се подготвени да се жртвуваат, но само ако е апсолутно неопходно, и додека да скокнат да помогнат, личноста во неволја веројатно ќе сфати дека никогаш не им ни била потребна помош. Потребни им се креативни пријатели со интегритет и силен интелект.
Семејство – Овие личности имаат одредени очекувања од своето семејство. Иако можеби не им е местото да бараат одговори што треба да ги бараат нивните родители, тие сепак ќе го сторат тоа и често ќе ја наметнат својата волја на членовите на семејството но со добри намери – да ги натераат да се сложуваат подобро.
Кариера и пари
Водолијата е знак кој носи ентузијазам, возбуда и иновации на работното место и има извонредна способност да ја искористи својата имагинација за деловни цели. Нивниот висок интелект во комбинација со нивната подготвеност да ги споделат своите таленти инспирира многу луѓе во нивните животи. Тие се визионери кои сакаат да се вклучат во хумани активности и сакаат да работат на места кои нудат подобри околности за загрозените групи на луѓе.
Овој хороскопски знак парите може да ги потроши на различни ризици но и да ги заштеди. За да штедат им треба некоја цел која ќе ги мотивира и радува. Тие можат да се истакнат во професии како што се пилотирање, параглајдерство и фотографија, но исто можат да бидат и одлични програмери, генијални математичари и научници. На работното место тие треба да можат да го покажат својот карактер без многу строги правила и упатства.
Мажот Водолија
Мажите водолии се непредвидливи, интелигентни, дружељубиви, независни и одлични комуникатори. Тие исто така можат да бидат несигурни и нефлексибилни, но вистинскиот партнер може да им помогне да станат поточни и пофлексибилни до одреден степен. Човекот Водолија понекогаш живее во неговиот ум и има потреба од придружник за да зборува за неговите прогресивни мисли и идеи. Во играта на заведување, прво мора да се стане нивен пријател, а се друго ќе биде на второ место. Како што работите доаѓаат на свое место и тој открива дека може да и верува на личноста што стои пред него, има шанса да ги спушти своите штитови.
Нему му треба некој што ќе ја почитува неговата потреба за слобода, неговата индивидуалност и, пред сè, неговата искрена желба да направи разлика во светот.
Жената Водолија
Жената Водолија е независна, мистериозна, слободоумна и ексцентрична, со одлична смисла за хумор и чудна неспособност да остане доследна и присутна. На прв поглед може да изгледа ладно и незаинтересирано, но ѝ треба некој романтичен со кој ќе може да води долги разговори. Навистина возбудлива, таа е одличен емотивен и сексуален партнер. Но нејзината посветеност нема да трае многу долго ако почувствува дури и грам непочитување. Неа ја привлекуваат луѓе кои се издвојуваат од толпата и сака некој да ја заслужи нејзината доверба пред да се препушти.
Жената Водолија е партнер со голема имагинација, посебно во сексуалноста и сака редовно да испробува нови работи. Сепак, таа треба да знае дека е ценета и сакана и во исто време, ослободена од барања и притисоци од партнерот.