H✦roskop.mk

Симболот на Овенот

Симболот на Овенот претставува лице и рогови на овен. Оваа слика се темели на историскиот поглед на распоредот на ѕвездите во соѕвездието Овен. Тоа се сметало за овен уште од доцните вавилонски времиња, а подоцна било поврзано со грчката митологија и овенот со златното руно.

Владетелот на Овенот

Со знакот Овен владее Марс. Старите Грци биле фасцинирани од крваво-црвената боја на планетата и ја припишале на Арес, нивниот бог на војната. Кога Римјаните ги освоиле Грците, името било променето во римскиот бог на војната, наречен Марс.

Симболот на Марс во грчката персонификација на планетарните богови најпрво бил прикажуван како копје. Тој бил алхемиски симбол за железото, а интересно е што векови подоцна било откриено дека површината на самата планета Марс е покриена со 'рѓа. Подоцна овој симбол бил „надграден“ во слика на штит и копје и ја добил формата што ја користиме денес.

Стрелката ги претставува нашиот нагон, акцијата или насоката. Таа покажува нагоре, од кругот што го означува духот. Комбинацијата на двете одговара на природата на планетата во астролошка смисла. Лесно можеме да заклучиме дека таа ја претставува нашата активна, страсна природа, која треба да ја следи мисијата што нашиот дух треба да ја исполни.

Симболот на Овенот | Horoskop.mk